Ја удирав главата од ѕид и реков дека не смеат да му ги гасат апаратите. Контактирав најдобри лекари од Берлин. Сакав и тие да го прегледаат да го вратат, но и тие рекоа дека тоа не ќе биде можно.

Објавил: admin@magazin | 4 март, 2019 19:52

Солзи ми течеа кога го исклучуваа од апарати – музиката му беше се, клавијатурата го уби

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ружица Кериќ, сопругата од трагично настраданиот музичар Мирсад Кериќ кои загина во сообраќајна несреќа, заедно со Шабан Шаулиќ, собра снага после погребот да ги каже последните моменти од нејзиниот сопруг, кога мораа да го исклучат од апаратите кои го држеа во живот.

Сопругата на трагично настраданиот музичар Мирсад Кериќ кој загина во сообраќајна несреќа, заедно со пејачот Шабан Шаулиќ за српски курир даде потресно интервју како нејзиниот сопруг, ги поминал последните моменти од неговиот живот.

„Прво Сашо менаџерот ми се јави, па потоа ми се јави Боби кој беше со него во колата, па на крај ме побара мојот син, кој беше во Кобленца и ми рече да не правам стрес, затоа што полицијата им се јавила и рекла дека е се во ред со Мирсад и дека е повреден само малку.

„После тоа јас уште неколку пати зборував со Сашо. Бев едноставно збунета, затоа што Мирсад после концертот требаше да оди во Кобленца, каде што живее неговата мајка. Тој не требаше да го вози Шабан за Диселдорф на аеродром, затоа што клавијатурата беше од позади во колата и никој не можеше да седне на тоа место„

Мирсад Кериќ беше погребан со неговите омилени песни од Шабан Шаулиќ и Синан Сакиќ.

„Но Шабан инсистираше на тоа Мирсад да го вози. На негова иницијатива тргнаа на аеродром, иако беа задолжени Шабан да го возат други луѓе. Мирсад поради тоа мораше да ја помести клавијатурата до неговото седиште, да можеше Боби да седне од позади.„ 

Мирсад не требаше ни воопшто да спие таму со нив во хотелот, тој требаше да оди кај неговата мајка. Таму ќе го сретнеше нашиот син да прошетаа по градот и да му покаже некои места, каде што играл фудбал додека бил мал. Тој ден требаше да биде дома околу 19 часот и ете никогаш повеќе не дојде.

„Таа клавијатура која ја носеше во автомобилот го уби. Она што најповеќе сакаше после семејството беше клавијатурата, тоа со што заработуваше пари за живот го уби, рече Ружица и откри низ каква агонија и болка поминала кога морала да го исклучи Мирсад од апарати„.

„Ми течеа солзи на образите. Тој ден кога се тоа случуваше, со нашиот куќен пријател Ален Краина отидов за Билефелд каде ме чекаше Денис. Докторите ни рекоа да седнеме покрај него, имав чувство дека ќе се разбуди.  Докторот беше упатен дека користам јаки лекови за смирување поради ситуацијата. Ме викна во другата соба и ми кажа дека Мирсад го држат во кома на вештачки начин и дека мозокот му е нагмечен.

„Ме погледна и ми рече дека мојот Мирсад не може да издржи. Ја удирав главата од ѕид и реков дека не смеат да му ги гасат апаратите. Контактирав најдобри лекари од Берлин. Сакав и тие да го прегледаат да го вратат, но и тие рекоа дека тоа не ќе биде можно. Докторот ме чекал мене и семејството да дојдеме и да му ги исклучиме апаратите и да се опростиме од него.

Кога влеговме кај Мирсад, од неговото лево око му течеа солзи, а мојот син тие солзи ги избриша бидејќи сакаше засекогаш да останат на неговата дланка. Паднав на колена и го молев докторот да не ги гасат апаратите, не бев свесна дека апаратите го држеа вештачки во живот. Апаратите ги исклучија во 22 и 35 и мојот Мирсад не напушти засекогаш„

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...