Во Ерусалим се наоѓа и Светиот Гроб, местото за кое се верува дека е гробот на Исус Христос. Градинарскиот гроб се смета за местото каде што бил погребан Исус Христос и каде што воскреснал.

Објавил: admin@magazin | 30 март, 2019 21:38

Солзи од плочата на Исус во Ерусалим (видео)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На социјалните мрежи се шири видео од мироточење на плочата, на која било положено телото на Исус Христос во Ерусалим.

Обично сме слушнале за мироточење на икона, но, овој пат тоа се случило на плоча на која било ставено телото на Исус Христос.

Мироточење е верски израз, кој опишува појава во која црковна икона, фреска, статуа (во католицизмот) испушта непозната течност налик на солзи (иако имало случаи на крваво мироточење) и оваа појава црковните претставници секаде низ светот ја опишуваат како божји знак и божје чудо.

Ерусалим има голема улога во христијанството не само поради Стариот Завет, туку и поради животот на Исус Христос.

Во Библијата градот е споменат 632 пати. Според Новиот Завет, Исус бил донесен во Ерусалим веднаш по роѓањето, а подоцна дошол во храмот каде проповедал.

Сионската горница се верува дека е местото каде била одржана Тајната вечера. Таа се наоѓа на Сионската Планина, на само неколку метри одалеченост од Гробот на Давид. Гетсиманската градина е местото каде Исус Христос ја поминал својата последна вечер.

Тоа е и местото каде Јуда Искариотски дошол со римските војници и со бакнеж на левиот образ го предал Исус на Кајфа. Таа се наоѓа под Маслиновата Гора. Друго значајно место во христијанството е Голгота или Калварија, местото каде е распнат Исус Христос. Според Евангелието на Јован, овој рид се наоѓал надвор од ѕидините на Ерусалим, но археолошките испитувања покажале дека се наоѓа многу блиску до ѕидините на стариот град.

Во Ерусалим се наоѓа и Светиот Гроб, местото за кое се верува дека е гробот на Исус Христос. Градинарскиот гроб пак се смета за местото каде што бил погребан Исус Христос и каде што воскреснал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.