Најново метео

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 март, 2022 7:09

Сончево време, од утре дожд и снег

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Особено долж повардарието ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северозападен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа од утре попладне и навечер па натаму следува период на променливо облачно време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Повремено и локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Што се однесува до температурите, минималните на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека максималните во текот на утрешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени, додека значителен пад на истите ќе има за време на викендот, кога ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 7 степени и истите ќе бидат под повеќе годишниот просек за месец Март.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...