Временска прогноза за последниот ден од работната недела и претстојниот викенд

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 7:51

Сончево време со ниски утрински температури

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Времето во Македонија денеска ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната температура од 19 до 25 степени. 

Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови до максимални 23 степени.

Од сабота следува период на променливо облачно време со услови за локален дожд.

Утринските температури поради наоблачувањето ќе се зголемат, додека дневните ќе бидат без поголеми промени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...