Најново метео

Објавил: admin@magazin | 21 февруари, 2022 7:19

Сончево време со температури до 20 степени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Во западните делови повремено ќе биде значително облачно и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 18 Целзиусови степени, Маврово 9, Охрид 14, Битола 19, Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 19, Дојран 20.

Утре времето ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе се движат од 1 до 11 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...