Потоа од четврток времето ќе биде претежно стабилно додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на постепен пораст

Објавил: Владо Марин | 5 мај, 2020 9:44

Сончево и топло со мала локална облачност: Временска прогноза за денеска!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов времето во државава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Утре ќе настапи брза промена на времето, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Поради продор на постуден воздух температурите ќе бележат тенденција на пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието и на истокот.

Потоа од четврток времето ќе биде претежно стабилно додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...