Денешна временска прогноза

Објавил: Узунов Бобан | 20 март, 2019 7:39

Сончево утрово, попладне умерено облачно

Фото/Текст извор: ©магазин

Во утринските часови сончево, во текот на денот променливо облачно, на крајниот југ и југоисток од земјава ќе има локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој во горниот тек на Повардарието повремено ќе засилува.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Се aпелира до сите возачи да не го користат автопатот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Maксималните дневни температури ќебидат во Скопје 19 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид и Берово 15, Прилеп и Крива Паланка 16, Кавадарци 19, Дојран 20 степени.

Прогнозата за утре е променливо облачно, во југоисточните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Дневните температури че бидат во Скопје 16, Маврово 6, Охрод 10, Прилеп 14, Кавадарци 17, Крива Паланка 14, Берово 13, Гевгелија 17 степени

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.