Во сообраќајката учествуваа патничко возило „поло“ и комби, при што е причинета само материјална штета.

Објавил: Владо Марин | 25 јули, 2020 20:18

Сообраќајка на патот Делчево – Македонска Каменица

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица е во прекин поради судар на две возила што се случи попладнево, околу 18:45 часот, на главната раскрницата на влезот во Делчево.

Во сообраќајката учествуваа патничко возило „поло“ и комби, при што е причинета само материјална штета.
 
На местото на настанот се наоѓа и полициска екипа од Полициското одделение за општа надлежност Делчево, кои најавија дополнителни информации за причините за несреќата.

Сообраќајните незгоди претставуваат прва причина за смртност за лицата на возраст од 15 до 19 години, втора причина за смртност за лицата на возраст од 10 до 15 години и од 20 до 24 години и трета причина за смртност за лицата на возраст од 5 до 9 години.

Во Македонија во просек, околу 150-160 лица годишно го губат животот во сообраќајни незгоди, односно по едно лице на секои 2-3 дена.

Околу 6 200 лица, секоја година се повредени во сообраќајни незгоди. Во 2019 година, 133 лица го загубија животот на улиците и патиштата во Македонија, а 5 860 лица се сериозно повредени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...