Сообраќајната несреќа предизвика хаос на улиците, колона од возила може да се забележи до поранешен Отекс, кои чекаат повеќе од половина час.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2019 13:00

Сообраќајка предизвика хаос во Охрид- колони од возила, возачите нервозни чекаат час и половина да пристигне охридската полицијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес околу  11часот и 15 минути во Охрид, на патот за Ресен се случи сообраќајна несреќа помеѓу возило марка БМВ со германски таблици и мотор, веспа.

Сообраќајна несреќа во Охрид на патот за Ресен

Сообраќајната несреќа предизвика хаос на улиците, колона од возила може да се забележи до поранешен Отекс, кои чекаат повеќе од половина час.

Новинар од нашата редакција на Магазин.мк беше на лице место на несреќата, и може да се забележи дека за среќа нема повредени. Учесниците на сообраќајката се гневни на охридската полиција која по повик за увид, се уште не пристигнала на местото на несреќата. Повеќе од еден час е хаос во градот, колоната од возила не мрда, а охридската полиција е со изговор дека има и други сообраќајќи во градот.

За МАГАЗИН.МК. возачот на БМВ вели дека се разочарани од работата на полицијата

Охридската полиција дури по час и половина додје на местото на несреќата…

Ова нигде го нема, чекаме повеќе од еден час. И покрај повикот, се уште нема дојдено ниту екипа на Брза Помош да проверат дали е се во ред. Топло е, нема никој во околина а возилата не смее да ги поместуваме се додека не дојде полицијата да направи увид на несреќата. 

За среќа откако учесниците во сообраќајката беа оставени на милост и немилост сега по повеќе од час и половина , полицијата додје на местото на несреќата.

Возачите се жалат дека дури час и половина сообраќајот бил без никаква сигнализација што предизвика дополнителен хаос и нервоза кај останатите учесници во сообраќајот, а при тоа поради непрофесионалноста на охридската полиција животот на пешаците е доведен во опасност.

Не е дозволиво, час и половина да нема никаква сообраќајна сигнализација, се коментарите на возачите кои чекаат да се расчисти хаосот од улицата. 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...