Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Објавил: Перо Милчин | 10 мај, 2020 20:12

СООПШТЕНИЕ: Од утре автобусите на ЈСП Скопје продолжуваат да сообраќаат во две смени!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ОД УТРЕ ПРОДОЛЖУВА ДА СООБРАЌА ВО ДВЕ СМЕНИ, од 5 до 9 и од 13 до 19 ЧАСОТ.

Ве информираме дека автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре, понеделник (11.05.2020 год) продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

ОВДЕ СЕ ТЕРМИНИТЕ, ПРВИТЕ/ПОСЛЕДНИТЕ ПРЕД/ПО ИСКЛУЧУВАЊАТА/ВКЛУЧУВАЊАТА СОГЛАСНО ДВОСМЕНСКИОТ РЕЖИМ НА ВОЗЕЊЕ.

Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје.

Пример. Линија 15 (Ново Лисиче-Карпош 4).

Согласно саботен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7.02 ч, 7.46 ч, 8.08 ч (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12.32 ч (прв наведен термин во прилогот од 13 часот), 12.54 ч, 13.38 ч, 14 ч, 14.22 ч, 15.06 ч, 15.28 ч, 15.50 ч, 16.40 ч, 17.10 ч и 17.54 ч (последен наведен термин во прилогот пред 19 ч).

Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе бидат отворени и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики кои се дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите, се вели во соопштението на ЈСП.

Посочениот режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...