Нивната љубов траеше долги години наназад, и како што за Фактор велат нивни познаници, успеа да ги преброди сите препреки и предрасуди, а сега да биде крунисана и со брак.

Објавил: admin@magazin | 4 ноември, 2019 19:34

СОПРУГАТА НА МУХАМЕД ЗЕКИРИ Е ТРУДНА: Пратеникот ќе стане татко по трет пат(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири пред два дена се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска.

Венчавката се случила во хотелот Double Tree by Hilton, каде потоа продолжила свадбената веселба.

Како што можеме да забележиме на фотографиите сопругата на Мухамед Зекири е во блажена состојба. Од претходниот брак Зекири има две деца.

Како што можеме да забележиме на фотографиите сега веќе сопруга на Мухамед Зекири е во блажена состојба. Од претходниот брак Зекири има две деца.

Матичарот ја венча двојката во хотелот, а невестата го презеде презимето на младоженецот.

Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева. 

Бисера Јордановска е поранешна директорка на Алсат М телевизија.

Нивната љубов траеше долги години наназад, и како што за Фактор велат нивни познаници, успеа да ги преброди сите препреки и предрасуди, а сега да биде крунисана и со брак.Мухамед Зеќири (р. 10 март 1979 во Скопје) — македонски политичар од албанска етничка припадност, пратеник од редовите на СДСМ и потпретседател на партијата.

Зеќири основно училиште завршил во „Лирија“ – Чаир, а средно теолошко училиште во медресата „Иса Бег“ во скопското село Кондово. Дипломирал на студиите по новинарство на универзитетот на Југоисточна Европа во 2001 година, по што се вработил како дописник од Скопје за македонскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Зеќири во март 2006 година станал главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М. Во Алсат останал до ноември 2015, а потоа преминал во ТВ Шења, каде бил уредник на вестите до септември 2016.

Тој по 18 години во новинарството ја напуштил професијата и се зачленил во СДСМ. Бил кандидат за пратеник на парламентарните избори во 2016 во втората изборна единица, каде партијата освоила осум мандати. Зеќири зборува албански, македонски, англиски, српски, и хрватски јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.