Вилсон објасни дека на неа и на Хенкс им било кажано дека биле во контакт со заразено лице од коронавирус, и дека од иста личност во исто време, го добиле вирусот, но дека не знаеле каде или кога се случило затоа што ниту еден од нивните блиски, соработници или семејство не бил позитивен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 април, 2020 11:54

СОПРУГАТА НА ТОМ ХЕНКС ОТКРИ КАКО СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОРОНАВИРУС: Ги открива и сите симптоми!

Фото/Текст извор: ©Kurir,rs / CNN

Рита Вилсон откри како таа и нејзиниот сопруг Том Хенкс го добиле вирусот корона и како се чувствувалe во текот на вирусот.

Том Хенкс и неговата сопруга беа меѓу првите славни личности кои се заразија со корона вирусот.

Вилсон објасни дека на неа и на Хенкс им било кажано дека биле во контакт со заразено лице од коронавирус, и дека од иста личност во исто време, го добиле вирусот, но дека не знаеле каде или кога се случило затоа што ниту еден од нивните блиски, соработници или семејство не бил позитивен.

„Австралиските лекари ни кажаа дека веруваат дека сме се заразиле во Америка или за време на патувањето во Австралија, каде што Хенкс снимаше филм, а јас имав турнеја во промовирање на мојот нов албум“, рече Рита.

Рита објасни дека се чувствувала многу уморно, непријатно и не можела да поднесе некој да ја допре. Го изгубила и чувството за мирис и вкус. Хенкс немал толку изразени симптоми.

Откако поминале 14 дена во австралиска болница, парот бил пренесен во САД, каде ја продолжиле својата изолација сè додека не се чувствувале целосно здраво.

Во една прилика Том Хенкс изјави дека никој не сака д абиде покрај него поради коронавирусот.

– Никој не сака да биде покрај мене многу долго и на луѓето им е непријатно да бидат покрај мене – вели Хенкс, кој оздраве од болеста предизвикана од корона вирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.