Седумкратниот светски шампион доживеал страшна повреда на мозокот во 2013 година при падз време на скијање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 ноември, 2019 19:36

Сопругата на Шумахер ја крие вистината цели шест години- шокантно тврдење на неговата менаџерка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер ги изненади сите кога кажа дека сопругата на легендарниот возач од Формула 1 ја крие вистината речиси шест години.

Михаел Шумахер има син, Мик, кој исто како татко му, започнал да се бави со автомобилизам: во 2015 година, Мик потпишал договор со холандскиот тим „Ван Амерсфорт рејсинг“ за да вози во натпреварите на „Формула 4“.Михаел Шумахер (германски: Michael Schumacher; роден на 3 јануари 1969) — е пензиониран германски Формула Еден кој настапувал за тимовите на Џордан Град При, Бенетон и Ферари, каде што го поминал најголемиот дел од својата кариера, како и во Мерцедес Бенз на крајот на својата кариера. Познат по единаесет годишниот успех со Ферари, Шумахер е единаесет кратен Светски Шампион и е нашироко почитуван како еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња. Тој држи многу од возачките рекорди на формула, како што се рекорди за најмногу шампионати, тркачки победи, најбрзи кругови, пол позиции, поени освоени и најмногу победи во една сезона – 13 во 2004. Во 2002 тој станал единствениот возач во историјата на Формула еден кој завршил во првите три места во секоја трка од сезоната и потоа го срушил рекордот за најмногу последователни завршувања на подиумот. Според официалниот вебсајт на Формула Еден тој е “статистички најдобриот возач кој спортот некогаш го видел“.

Седумкратниот светски шампион доживеал страшна повреда на мозокот во 2013 година при падз време на скијање.

Вебер тврди дека Корина се обидува да ги спречи пријателите да го видат Шумахер, зашто се плаши дека вистината ќе биде откриена.

-Знам дека Шумахер е лошо, но за жал не знам каков напредок е постигнат. За жал, Корина ме спречи да го видам. Најверојатно се плаши дека ќе видам што се случува и ќе ја објавам вистината. Целосно верувам во рехабилитацијата на Шумахер, зашто знам дека е борец. Ако постои можност да се спаси, ова можеби не е крај. Се молам за него и убеден сум дека повторно ќе го видам, порача Вебер.

Шумахер три месеци помина во кома, а очигледно неговата состојба е стабилизирана, а во јануари годинава со хеликоптер за 50 роденден долета во нивниот дом на Мајорка. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.