Станува збор за директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова, дознава Телма, а за телевизијата истите извори велат дека нејзиниот сопруг е вработен во СЈО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јули, 2019 16:56

Сопруга на вработен во СЈО го издала боледувањето на Јанева

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што објави телевизија Телма, откриено е кој го потпишал боледувањето на специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева. 

Бидејќи СЈО и Владата кријат и не ги известуваат граѓаните за прашања од јавен интерес, дозволете да им помогнеме:
– Катица Јанева од нејзин познат лекар добила боледување за периодот од 16.Јули до 15.Август 2019 година.
– Боледувањето е дадено врз основа на констатирана анксиозност растројство (F40-48), но засега не се знае дали е полесен случај или состојба која може да влијае на степенот на работната способност. Инаку овие дијагнози се најтешки за контрола и вештачење!
– Таинственоста создава сомнеж дека боледувањето може да биде подготовка на околности за неопределување на мерка притвор или за градење на историјат на болеста на подолг рок, при евентуални подолги судски процеси, напиша вчера пратеникот Милошоски под фотографијата која ја објави, а која се гледа која била причината за боледувањето на обвинителката

Станува збор за директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова, дознава Телма, а за телевизијата истите извори велат дека нејзиниот сопруг е вработен во СЈО.

-Вработените во обвинителството потврдуваат дека Методи Цилков кој е сопруг на докторката е вработен во приемното одделение. И двајцата по потекло се од Гевгелија од каде доаѓа и Јанева, објави телевизијата.

Од Телма се обиделе да ја проверат информацијата во болницата, но никој не се јавувал на фиксниот телефон.

-Од СЈО пак само кусо одговараат дека боледувањето било прекинато за осум дена, но и по една недела нема одговор на колку денови било дадено. Вчера пак пратеникот Антонио Милошовски објави фотографија на која пишуваше дека е дадено на еден месец. Повика да се испита дали е дадено наменски, бидејќи се совпадна со денот на нејзината оставка но и со притворањето на двајцата осомничени во Рекет со кои се поврзува и името на Јанева, објави Телма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.