Во коментарите и некои линкови, сопругот на Ременска  индиректно најавува апсење на Гордана Јанкулоска, но во текстовите се споменуваат и Ставрески и Пешевски

Објавил: Македонка Димкин | 23 август, 2019 21:39

Сопругот на Ременска преку Фејсбук индиркетно најавува апсење на Гордана Јанкуловска!?

Фото/Текст извор: ©фејсбук-expres.mk

Серија таинствени пораки на Фејсбук го запалија алармот во јавноста дека од понеделник МВР и Владата планираат серија апсења.

Во коментарите и некои линкови, сопругот на Ременска  индиректно најавува апсење на Гордана Јанкулоска, но во текстовите се споменуваат и Ставрески и Пешевски

Причина за загриженоста дека власта може да влезе во процес на приведувања за да ја дефокусира јавноста од аферите Рекет, Дудуш и Леонардо е шефот управата во МВР задолжена за борба со тероризам, Јовче Ременски пишуа порталот Екпсрес

Ременски кој е сопруг на потпретседателката на Собранието Фросина Ременска во моментов е началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија.
Началникот Ременски објавува пораки на Фејсбук кои асоцираат дека Владата најавува апсења од понеделник.

Во првата порака Ременски вели:

“Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно”, напиша началникот со потпис – Ременски.

Веднаш по првата порака тој дава дообјаснување:

“Да не останам недокажан, борбата продолжува и тоа на две нозе со сиот демократски капацитет на располагање со сета жестина и без пренамагање”.

Во коментар на една од пораките тој потврдува дека ќе има и “Џандар збира” што во полициски сленг најдиректно значи дека ќе има апсења.

Што значи најавата дека државата ќе употреби “жестина и без пренемагање”, шефот на македонскиот антитероризам допрва ќе треба да открие пред јавноста.

Сопругата на првиот македонски антитерорист која е петта по ранг македонски функционер вчера не беше повторно избрана за потпретседател на владеачката СДСМ.

Досега во демократската историја на европските полиции не се случило шеф на Антитероризам во некоја држава јавно да објавува пораки во кои асоцира на апсења.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...