Во детската градинка "Ангел Шајче" во Куманово

Објавил: Узунов Бобан | 31 јануари, 2019 8:46

Сопругот на Царовска лапнал нов тендер за летање на дрон ?

Фото/Текст извор: ©сдк.мк /магазин

Прашаењето е дали министерката го искористила своето влијание кај директорката на детската градинка во Куманово за таа да ја ангажира фирмата на нејзиниот сопруг за летање на дрон дотолку повеќе што детските градинки се под надлежност на министерството за труд и социјална политика ? И второ, која е потребата на детска градинка да ангажира летање на дрон и дали тоа е ефикасно користење на средствата наместо да се пренаменат за потребите на дечињата ?

Советникот на СДСМ во Советот на Општина Куманово Владимир Павловски ја прашал вчера директорката на градинката „Ангел Шајче“ Марина Алексовска, дали е вистина дека лани изнајмиле дрон од фирмата на сопругот на министерката Мила Царовска. Павловски прашањето го постави додека се расправаше за измена на одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на јавните службеници во „Ангел Шајче“ Куманово за 2019.

„Како можеме да бараме покачување на платите, кога мината година имаме неосновано трошење на средствата за изнајмување на дрон од фирмата ‘Влај кем’ ДООЕЛ Скопје, која што е во сопственост на сопругот на министерката Мила Царовска. Би сакал да ја прашам директорката дали е вистинита оваа информација која дојде до мене овие денови?“,  праша Павловски. 

Директорката Алексовска не одговори чија е посочената фирма, туку само образложи за кои потреби бил изнајмен дронот.

„Ние минатата година одбележивме 60-годишен јубилеј, затоа во 2017 отпочнавме со изготвување на веб страница за која ни беа потребни професионални слики, бидејќи сме градинка со најголем број на дечиња и најуспешни сме во Македонија. Вредноста на проектот беше 35.000 денари за професионалци кои снимаа за веб страната 30 дена. За јубилејот 60 години направиваме и документарец, со снимки од сите осум објекти и два центри за ран детски развој и тука износот е 35.000 денари. Тоа е сумата за која се збори дека е голема, а граѓаните нека проценат сами дали е тоа многу за еден таков грандиозен проект“, изјави Алексовска во Советот. 

Царовска претходно потврди дека нејзиниот сопруг е сопственик на фирмата “Флај Кем“, а токму таа фирма добила тендери во вредност од 1,5 милиони денари, и тоа сите од државни претпријатија или општини раководени од СДСМ. Додека владата промовира транспарентност, министрите кријат брачни тендери.

Павловски инсистираше директорката да му каже дали зделката е направена по пат на јавна набавка или е склучен договор во 4 очи со сопругот на министерката, бидејќи ја надминува вредноста од 500 евра. Директорката одговори дека законот дозволува договор до 500 евра плус ДДВ што изнесува 36.286 денари.

Нападите на советниците од СДСМ блиски од градоначалникот Максим Димитриевски, кон нивната сопартијка и директорка на јавна установа Алексовска, уследија откако Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите на Општина Куманово за назначување директор во градинката, а градоначалникот за целата работа ја обвини министерката Мила Царовска. Министерството соопшти дека градоначалникот на Куманово Димитриевски не постапил според своите овластувања во законскиот рок за да именува директор на градинката „Ангел Шајче“ и дека тоа е единствената причина за одземање на ингеренциите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.