Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос објави коментар во австрискиот весник Der Standard со наслов „Владимир Путин и опасноста од Третата светска војна“. Тој особено се посвети на односите меѓу Русија и Кина.
Сорос е основач на Фондацијата „Отворено општество“ и голем застапник на либералната демократија.
Роден во еврејско семејство во Будимпешта во 1936 година, тој ја преживеал Втората светска војна и нацистичката окупација и по војната емигрирал во Велика Британија, каде што дипломирал на Лондонската школа за економија. Потоа се преселил во САД и ги основал еден од најуспешните инвестициски фондови во светот.
„Почетокот на третата светска војна која има потенцијал да ја уништи нашата цивилизација“
„Руската инвазија на Украина на 24 февруари го означи почетокот на Третата светска војна која има потенцијал да ја уништи нашата цивилизација“, драматично започнува Сорос.
Тој пишува дека инвазијата уследила по долгата средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг на 4 февруари – денот на прославата на кинеската Лунарна Нова Година и Зимските олимписки игри во Пекинг!
„На крајот од тој состанок, двајцата објавија внимателно подготвена изјава од 5.000 зборови, во која се изјаснија за блиско партнерство меѓу нивните две земји“, се сеќава Сорос.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.