„Нашите услови не се сменети, ме чуди дека е ова нешто ново за нас, да ќе ја носиме нашата одговорност, но многу би сакала и колегите во Скопје да ја носат нивната одговорност“, вели Захариева.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 ноември, 2020 18:17

Софија ќе го запре патот на Скопје кон ЕУ доколку не се решат отворените прашања

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, вели дека бугарските услови кон Македонија не се сменети со години и се чуди зошто во земјава не разбираат и во јавноста делуваат како да се нови.

„Нашите услови не се сменети, ме чуди дека е ова нешто ново за нас, да ќе ја носиме нашата одговорност, но многу би сакала и колегите во Скопје да ја носат нивната одговорност“, вели Захариева.

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева денеска беа домаќини на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес за Западен Балкан.

По настанот што му претходеше на утрешниот Лидерски самит, нема новини во надминувањето на отворените прашања меѓу двете земји.

Османи порача дека правото на соомоопределување е суверено право на државите, а не прашање што се регулира во билатералните односи.

– Веруваме дека преговарачкиот процес не е само чист бирократски процес, туку процес што се води од универзалните вредности и принципи на ЕУ.  изјави Бујар Османи МНР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.