Софтвер за 80000 а не работел

Објавил: Македонка Димкин | 21 септември, 2022 21:24

Софтверот кој го набавил Рашковски како генсек на владата не работел, тврди вештак – сведок во судницата

Фото/Текст извор: ©телма

Софтверот што го набавил Драги Рашковски како генерален секретар не работел, констатира вештакот во судницата во судскиот процес против Рашковски. Апликацијата по инсталирањето не можеше да се стави во функција. „Бидејќи, не може да работи со други камери освен со владините, констатирам дека софтверот не функционира за целта за која е изработен“, рече сведокот во судницата.

Софтверот го нарача генералниот секретаријат од фирмата „Ивонка груп“ за сума од 80 илјади евра. И нарачателот Рашковски, и дизајнерот на софтверот Даниел Станчев, се обвинети за влијание во јавната набавка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести