Заеви и криминалниот картел околу нив секојдневно ги шират бизнисите и го зголемуваат богатството, а социјално загрозените категории се повеќе осиромашуваат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 март, 2019 10:21

Социјално загрозените семејства осиромашуваат а Заеви и криминалниот картел околу нив секојдневно ги шират бизнисите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заеви и криминалниот картел околу нив секојдневно ги шират бизнисите и го зголемуваат богатството, а социјално загрозените категории се повеќе осиромашуваат.Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев го води системот на социјална заштита во пропаст. Наместо да се грижат за најраливата категорија на граѓани како што ветуваа пред избори, тие континуирано ги кратат нивните права,стои во соопштението на ВМРО.

На вчерашната собраниска седница пратеничката група на СДСМ ги одби сите амандмани предложени од ВМРО-ДПМНЕ  и Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесени за Законот за социјална заштита кои беа изготвени во координација со претставници од социјално ранливи групи , со лицата со попреченост и нивните претставници. Амандманите на ВМРО ДПМНЕ беа во полза на овие граѓани, но Заев одлучи да ја крати помошта која ја добиваат.

Од ВМРО реагираат дека СДСМ заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска наместо да овозможат реализирање на што поголем број на права во овој домен, се залагаат  за нивно укинување.

Оваа ненародна власт ги укина стекнатите права на граѓаните кои беа гарантирани со мерките за трето и четврто дете.Министерката Царовска со новиот Предлог закон за социјална заштита го намали на 50% додатокот за покривање на дел од трошоците за потрошувачки енергенси во домаќинствата.

Портпаролот на опозициската ВМРО, предизвесно време изјави дека Заеви имаат три фирми во соседна Бугарија

СДСМ го укина и користењето на надоместокот на услугата помош и нега во домот, доколку истовремено се користи услугата лична асистенција. СДСМ удри и по старите лица така што правото на постојаната парична помош ќе се трансформира и сега ова право ќе го ужива само еден од брачните другари со навршени 65 години, исклучувајќи ја можноста на брачниот другар или лицето со кое живее во вонбрачна заедница да го оствари тоа право,стои во соопштението.

Во предизборието ветуваа социјална помош од  12.000 денари, но излажаа, како и за се друго. СДСМ во областа на социјалната заштита покажува целосна негрижа за граѓаните. Единствено се ажурни во продолжување на нивната политика на лажење. Се ближи денот кога граѓаните ќе стават крај на лагите на Заев и Царовска,реагираат од опозициската ВМРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.