Како што веќе знаеме во развиените европски земји,  Австралија и особено Америка, процентот за купување преку интернет е во пораст.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 октомври, 2019 21:23

Со еден потег Нина ,,Групер” може да стане најуспешен Министер за финансии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Само со еден потег сегашната министерка за финансии може да биде најуспешниот министер на оваа позиција кој до сега сме го имале со оглед на тоа дека за многу кратко време, пазарувањето нема да биде на начин на кој досега сме навикнале пишува Балкан.мк.

Како што веќе знаеме во развиените европски земји,  Австралија и особено Америка, процентот за купување преку интернет е во пораст.

Нина Ангеловска основач на „Групер.мк”, се најде на европската листа на „Форбс” на најдобри претприемачи под 30 години.

Најголемата онлајн продавница со седиште во САД буквално ги замени големите продавници на познати брендови кои од некои причини пропаднале. Ваквиот простор сега е магацински прстор на најголемата онлајн продавница – Амазон.

Со одлуката на позицијата Министер за финансии да биде поставена Нина Ангеловска, која е сопственик на најголемата онлајн продавница кај нас Групер, е можеби најбрилијатниот потег направен од страна на премиерот Зоран Заев во неговото тригодишно владеење.

 

Нина Ангеловска веќе една деценија работи во овој сектор и таа е најуспешна во тоа што го работи, впрочем признанијата кои доаѓаат од надвор, тоа го докажуваат.

Како што пишува Балкан.мк до сега истакнат министер кој успеал да ги мрдне работите од мртва точка е поранешниот министер за информатичко општество Иво Ивановски, кој успеа да издејствува Пејпал да овозможи да се отвораат налози од нашата држава, но за жал се застана овде.

Од големо значење е овозможувањето на комплетни услуги од страна на Пејпал, кој може да го намали иселувањето на младите умови од нашата држава. Во тој случај, тие од Македонија, каде сите ресурси за работа им се пофтини, ќе можат да ги продаваат своите услуги и да си наплаќаат за работата.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика