Иако професионализацијата на ДИК и ЕУ и ОБСЕ ја акцентираа како приоритетна во реформите, власта сепак е презадоволни од партискиот пристап на актуелниот состав

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 9:34

Со “килава” ДИК ќе се оди и на претседателски избори

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Мандатот на актуелниот состав на Државната изборна комисија требаше да има времена рамка, и тој да биде само за пропаднатиот референдум.

Меѓутоа сите партии сложно го продолжија мандатот на ДИК, наместо да се избере професионален состав

Нема договор за професионализација на ДИК, туку за нејзина натамошна партизација. Сите парламентарни партии со едногласен став, шест месечниот мандат на актуелниот состав на ДИК да се продолжи за уште две години.

Тоа значи дека и покрај најавите Претседателските избори наместо професионален состав ќе ги организира и спроведе овој состав на ДИК.

Измените на Изборниот Законик ќе се носат по скратена постапка.

Членот 26 став 4 ќе гласи:

Мандатот на претседателот, потпретседателот и членовите на ДИК трае од денот на изборот од Собранието до изборот на нов состав, но не подолго од две години.

Целта на измените била да се овозможи непречено функционирање на ДИК и да не се повторат проблеми во наредниот период.

Професионализацијата на ДИК останува само како декларативна заложба.

Единствено ДУИ не го крие задоволството од работата на ДИК.

Составот и работата на ДИК беше една од главните забелешки во Извештајот на Прибе во кој се бараше целосна професионализација на ова тело. Критики за време на изборните процеси имаше и од ОБСЕ/ОДИХР кои на неколку наврати укажуваа да не се поистоветуваат државата и партијата, да се отргнат политичките влијанија доколку сакаме да има фер и демократски избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.