БЛИЦ ВЕСТИ: Не е првпат да се фрлаат бомби во дворовите на Скопјани

Објавил: Македонка Димкин | 22 февруари, 2019 17:39

Со кревањето на знамето од НАТО Македонија побезбедна, во Скопје фрлена бомба!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Автомобил, гаража и дел од куќа се оштетени ноќеска во експлозија на бомба, во скопската населба Ѓорче Петров, информираше МВР.

» Денес  22. февруари 2019 година околу 2.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(44) од Скопје пријавил дека непознато лице фрлило непозната експлозивна направа кон неговата куќа, по што избегало. Била оштетена врата на гаража, дел од ѕидот на куќата, како и патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на Ѓ.С.(72).

Од МВР стандардно: се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


Последен пат сличен инцидент имаше на 02. октомвир .2017 година во 23.40 часот во Единица за информации и команда Скопје, М. Д. од с.Сарај пријавил дека во 23.30 часот во неговиот двор била фрлена експлозивна направа која експлодирала и направила оштетувања на куќата и неговото возило.

Последен пат сличен инцидент имаше на 02. октомвир .2017 година во 23.40 Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.од МВР превзеле мерки но на нивниот сајт неможеме да најдеме дали целосно  го расчистиле случајот?

На 21 Октомври пак една година претходно во 2016 во 02 часот и 50 минути наутро , во Скопје на улицата „Козле“, од страна на непознат сторител било пукано од огнено оружје, најверојатно од автоматска пушка во возило „Ауди“, кое припаѓа на скопјанецот Р.К. Била фрлена и експлозивна направа која не се активирала. По извршување на кривичното дело лицето го напуштило местото на настанот. Повредени лица за среќа нема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.