По шест месеци пауза, тој продолжи со концертите и гостувањата во регионот. Ракимовски по потекло е од Скопје, а во бендот беше активен уште од 1975 година.

Неговиот последен настап во Македонија се случи на седми јули, лани, кога одржа концерт во ракометното игралиште во Битола.

Објавил: admin@magazin | 27 јануари, 2022 17:35

ЛЕГЕНДИТЕ НЕ УМИРААТ: Со македонско знаме и „Зошто си ме мајко родила“ Аки Рахимовски испратен до вечното почивалиште

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со македонско знаме на ковчегот и македонската песна „Зошто си ме мајко родила“ легендарниот Аки Рахимовски денеска е испратен до вечното почивалиште во Загреб.

Популарниот пејач Аки Рахимовски (67) починал минатата недела, објавено беше на официјалната страница на неговиот бенд ,,Парни ваљак”.

Музичарот кој беше присутен на сцената со децении наназад, и чии хитови се пеат во сите поранешни Ју републики, пред четири години доживеа мозочен удар, по што ги одложи свите најавени настапи.

Како тинејџер бил член на неколку состави, но Аки се прослави како фонтмен на групата „Парни ваљак“, со која настапуваше повеќе од 30 години.

По шест месеци пауза, тој продолжи со концертите и гостувањата во регионот. Ракимовски по потекло е од Скопје, а во бендот беше активен уште од 1975 година.

Неговиот последен настап во Македонија се случи на седми јули, лани, кога одржа концерт во ракометното игралиште во Битола.

Последен поздрав до Аки Ракимовски од пријателите и роднината!

Аки е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но потоа се сели во Скопје. Неговиот татко бил музички професор, па тој на седум години  започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Како тинејџер бил член на неколку состави, но Аки се прослави како фонтмен на групата „Парни ваљак“, со која настапуваше повеќе од 30 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam