Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

Објавил: Едмонд Бекири | 1 декември, 2022 7:03

Со „мерцедесот на Груевски” Штајнмаер дојде во Кавадарци!

Фото/Текст извор: ©фокус

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер вчера попладне дојде во Кавадарци, а посетата била резултат на германските инвестиции во градот.

Тој пристигна со луксузниот мерцедес од речиси 600.000 евра, а за кој поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на две години затвор, за примање награда и противзаконито влијание за случајот ,,Тенк”, а за истиот случај началникот за јавни набавки Ѓоко Поповски доби 6 години и шест месеци за злоупотреба на службена должност и овластување.

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пак, беше осудена на 6 години затворска казна за злоупотреба на службената положба.

Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

За време на посетата во Кавадарци, Јанчев и Штајнмаер разменија подароци, филигран со симболот на вечноста за германскиот претседател и филигран со логото на Синалко за семејната компанија на градоначалникот Кожуфчанка, бидејќи Штајнмаер потекнувал од местото каде се наоѓала фабриката на Синалко во Германија.

Кога е мерцедесот во прашање, уште пред околу пет години поранешниот премиер Зоран Заев јавно изјави дека возилото ќе биде продадено, а со парите ќе се набават амбулантни возила.

Потоа мерцедесот беше конзервиран, бидејќи бил материјален доказ во случајот ,,Тенк”, и продажбата беше одложена.

По пресудата на Апелација, за случајот ,,Тенк” Груевски доби 2 години затворска казна, а Јанкуловска и Поповски по четири години, а мерцедесот и по завршувањето на постапката очигледно останува да се користи за потребите на Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести