Новиот нацрт закон со кој се легализира неуставно формираното СЈО, се предлагаат огромни измени во надлежностите за кривичните дела во однос на актуелното законско решение

Објавил: Мартин Попоски | 7 декември, 2018 11:04

Со новиот предлог Закон, СЈО ќе го гони и Претседателот?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерството за правда го објави нацртот на предлог законот за Специјално јавно обвинителство во кој промени во однос на надлежностите за кривичните дела кои можат да бидат предмет на оваа институција.

Досега, Специјалниот јавен обвинител беше овластен и надлежен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите извршени во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Со предложеното решение се предвидува СЈО да може да истражува и гони кривични дела извршени од Претседателот на Македонија, поставените амбасадори и други претставници во странство и именувани лица од Претседателот, избрани или именувани функционери во и од Собранието, во и од Владата.

Согласно новото законско решение СЈО ќе има ингеренци и врз истраги во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје.

Се предвидува и надлежност за прогон СЈО да има за кривични дела извршени од одговорни лица во политички партии против изборите и гласањето, како и од областа на животната средина и природат, културното наследство и природните реткости, јавните финансии, платниот промет и стопанството, вооружените сили, службената должност, неовластеното оддавање информации и податоци за сведоците и други ако овие дела се сторени во врска со постапки кои ги води Специјалното јавно обвинителство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.