Оние кои земаат минимална плата да ги ослободиме од персонален данок, па ќе верувам дека е фер тие што заработуваат повеќе да плаќаат за сметка на тие што заработуваат малку

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 11:52

Со прогресивен данок се полнат општинските каси а не државниот буџет

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот заменик министер за економија и пратеник од редовите на Социјалистичка партија на Македонија, економистот Зоран Витанов со свој стручен став во врска со воведувањето прогресивен данок.

Според Витанов законот нема да има финансиски импликации врз економијата, само ќе ги казнува успешните.

Доколку овој предлог помине така, тоа е апсолутно “да” за да ги казни успешните, но нема да им помогне на сиромашните. Иако они кажуваат нели обратно треба да знаат луѓето дека персоналниот данок оди во локалната самоуправа.  Што значи воопшто не влегува во централниот буџет за да они креираат политики на сиромашните. Тоа е една обична популистичка манипулација. – објаснува за Пресинг Тв економскиот и финансиски консултант, Зоран Витанов.

Витанов образложи дека посуштинскиот проблем, тука има една основна работа тоа е дека овој Закон се предлага во средината на ноември и се очекува да отпочне со имплементација од 1-ви јануари следната година.

Очигледно предлагачот на законот никогаш не бил во стопанство, затоа што бизнис плановите стопанствениците ги имаат направено година дена уназад за 2019 година.

И сега они кога ќе прават нови бизнис планови, кога нови калкулации ќе прават бидејќи персоналниот данок не е како ДДВ. Тоа е директен трошок на претпријатието бидејќи ги дига платите на вработените на менаџментот. Тоа автоматски зборува дека ќе се направи ненадоместлива штета на македонското стопанство особено на оние кои што се конкутрентско извозно ориентирани. Затоа никој не водел сметка. Никој не ги прашал и не се отвори дебата. – коментира Витанов.

Витанов и со став, ако има прогресивен данок, тогаш кој зема минимална плата не треба да плаќа данок.

Посуштинската работа е ако они веќе се решени да им помогнат на сиромашните, нашиот предлог е следен, не 18% нека биде 20% за сите кои што плаќаат над колку они кажаа мислам 90.000 денари иако според мене тоа е ниска основа, меѓутоа во ред и да е така. Но предлагам јас сите кои што имаат под 212 евра месечна плата да ги ослободиме комплетно од персонален данок. Е тогаш ќе верувам и тогаш е фер тие што заработуваат  повеќе да плаќаат за сметка на тие што заработуваат малку. – предлага Витанов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...