Владата немаше една туку три предлог локации од кои онаа кај Петровец беше идеално решение за пациентите, но сепак се реши да гради во Ѓорче Петров што нема никаква логика

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 12:21

Со стопирањето, власта одлучи до крај на мандатот да нема нов Клинички центар

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски, на седницата на Собранието на Македонија наменета за пратенички прашања, јавно контатираше дека за време на мандатот на СДСМ нема да има изградба на нов Клинички центар.

Како ги планиравте средствата во висина од 70 милиони за изградба на Клинички центар во овој годишен буџет, донесовте одлука да стопирате проект кој што беше доведен до ниво избран изведувач.

Практично требаше само камен темелник да удрите и да почне изградба. Одлучивте покрај тоа да нема Клинички центар, одлучивте и средствата кои што беа предвидени во буџетот да не влезат како инпут во македонската економија, изјави на собраниска седница за пратенички прашања пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски.

Кога веќе одлучивте Клинички да не се гради на локацијата одбрана од претходната влада, предупредив дека таквата одлука ќе значи одложување на целиот проект и неизградба на Државен клинички центар најмалку до крајот на вашиот мандат. Вашите одлуки ќе значат дека во Република Македонија во овој мандат нема да започне изградба на Клинички центар. -потенцираше Димовски.

Праникот запраша зошто владата се откажала од предлогот кој го доставил во Собранието за нова локација во општина Петровец, затоа што околу Петровец во радиус од 50 до 70 километри гравитираат 980.000 жители од околните градови, и има и аеродром, но додаде дека владата и мнозинството избегнуваат дебата на оваа тема и тоа барање е залутано низ Собранието.

Димовски нагласи дека предлогот на власта Клиничкиот да биде после Ѓорче Петров е нелогичен затоа што само на 30 километри во Тетово веќе има еден Клинички и зошто кога веќе има еден се прави друг во близина, а од друга страна од другите градови граѓаните треба да патуваат и по 200 километри за да се лекуваат.

Не можам да сфатам како понатаму од Ѓорче Петров е подобро од Петровец кога на 30 километри од Ѓорче Петров има Клинички во Тетово. И во 30 километри би имале два клинички, Тетово и Државен, а ваму за од Битола да дојде некој во државен клинички треба да мине 200 километри. – истакна Димовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...