Бугарските спасувачки екипи реагирале на повикот за помош, што децата го упатиле околу 4 часот вчера попладне. Децата моментално се во добра состојба.

Објавил: Перо Милчин | 13 јануари, 2019 13:26

Спасени 5 деца од Србија, во зимското одморалиште Банско

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Спасени се пет деца од Србија, во зимското одморалиште Банско на возраст од 12 до 15 години, пренесоа српски „Вечерње новости“. 

Во соопштението се наведува дека се работи за деца кои возеле сноуборди надвор од скијачките стази. Бугарските спасувачки екипи реагирале на повикот за помош што децата го упатиле околу 4 часот вчера попладне. Децата моментално се во добра состојба и без посериозни повреди, но биле исплашени и имале голема паника за она што им се случило, јавија бугарските медиуми.

Градот Банско е со наjголeма динамика на приватните инвестиции во туристичкиот дел на градовите во Бугарија и имало повеќе от 17 000 легла] за туристите во 2010.


Градот Банско е сместен на источните падини на планината Пирин и во неговата непосредна близина се наоѓа и ски-центарот кој го носи истото име.

Банско e рекреативен скијачки центар во Пирин, ситуиран на надморска височина од 925 м. Располага со 17 скијачки патеки (должина 75 км) и 27 ски-лифтови. Наjвисоката точка на ски-центарот е 2560 м, а наjниската – 1000 м.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...