Многумина од нас може да го имаат овој вирус во себе без да бидат свесни за тоа додека не добијат треска, а потоа на усните веднаш се појавува херпесот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 февруари, 2020 11:29

Спасете се од досадниот херпес едноставно и брзо со овие природни состојки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ако досадниот херпес повторно се појави во аголот на усните, треба само да направите една работа и тој ќе исчезне за многу кратко време.

Херпес е болест која се јавува кога телото е заразено со вирусот херпес симплекс (ХСВ).

Многумина од нас може да го имаат овој вирус во себе без да бидат свесни за тоа додека не добијат треска, а потоа на усните веднаш се појавува херпесот.

Херпес на усните е многу честа вирусна инфекција која ги следи одредените состојби на телото и најчесто се јавува како пропратна појава на инфекции кои го нарушуваат имунитетот, за време на тешкиот период на менструација, стрес, страв, вознемиреност или нервоза.Примарна инфекција обично се случува за време на детството, додека реактивирање на вирусот може да се случи дури и во годините подоцна.

Херпес на уста или раничка од настинка и температура е предизвикан од локална вирусна инфекција, која дава типични болни меурчиња на усните, а поретко и во устата. При првиот контакт со вирусот настанува примарната инфекција (обично во детството), која се манифестира со висока температура, воспаление на слузницата на образите и на грлото. По смирувањето на примарната инфекција вирусот останува во латентна форма во нервните корени, блиску до нападнатата регија на кожата. прекумерна изложеност на ултравиолетови зраци можат да испровоцираат повторна појава на херпесот. Повторуваните херпеси на устата обично поминуваат за 8 до 10 дена. Најголем дел од луѓето се инфицирани со херпес симплекс вирусот уште во детството. Повремена појава на херпес на устата покажува дека вирусот е присутен, дури и ако не постојат податоци за примарната инфекција во детството. Примарната херпетична инфекција, се манифестира со висока температура, болни, отечени и отворени ранички на непцата и слузницата на образите (стоматитис) и многу болно воспаление на грлото (фарингитис).

Истражувањата покажаа дека дури две третини од светската популација, под 50 години, е заразена со овој вирус.

Херпесот обично се повлекува спонтано и не бара посебен третман. Меѓутоа, кај многу чести повторувања се спроведува терапија со антивирусни лекови, кои можат да се добијат со рецепт. Лекувањето во такви случаи треба да се спроведат веднаш по избувнувањето на симптомите, па затоа е добро однапред дома да имаме кутија со лекови препишани од лекар.

Антивирусно лекување го скратува времетраењето на избивање на херпесот и должината на релапсите, се намалува бројот на релапси и помага оздравување. Кај појавата на херпесот на усните се советува да се избегнува стресот, мирување и конзумирање лесна храна. Покрај тоа, се препорачува консумирање чај од жалфија, рузмарин, корен од чички или ливадска детелина. За ублажување на симптомите на херпесот, може да се користи чешне свеж лук, кој е неопходно да се држи на усните околу пет минути, а потоа да се повтори постапката уште една минута со свеж лук. Исто така, се препорачува да држите коцка мраз на местото каде што се појави херпесот.

Како превенција за појавата на херпесот, добро е да се преземат мерки за зајакнување на имунитетот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...