Се осврна и на инцидентите со несовесно возачи кои улетуваа на плоштади со цел да бидат атракција на социјалните мрежи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јануари, 2021 9:48

Спасовски: Воведуваме поригорозни казни во сообраќајот оти животот и безбедноста на граѓаните ни се најважни

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„МВР има задача да прави анализа на спроведување на законските решенија. Неприменливите закони се мртво слово на харитија. Ги усогласивме Законот за прекршоци со Законот за безбедност во сообраќајот и сега ги решаваме полека проблемите.

Се соочуваме со проблемот со нерегистрирани возила, возила кои имаат повеќе издувни гасови од нормалното, возила кои се неисправни, мотоцикли кои беснеат по улиците.
Сега, ако начекаме неипсравно возило, или мотоцикл, да се ќе може да се одземе во рок од три дена и ако се потврди дека е така тогаш се одзема на три месеци, исто е и со нерегистрираните возила. Многу возачи возат неипсравни возила, но сега, ако тој направи два прекршока во една година, тогаш му се одзема трајно возачката.
 
Тоа се возачите кои се закана по животот и безбедноста на луѓето. Ги опфативме и електричните тротинетии, прецизиравме каде да се движат, каква заштитна опрема да имаат и со колкава брзина смеат да се движат.“- објасни министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервјуто за МТВ. 
Се осврна и на инцидентите со несовесно возачи кои улетуваа на плоштади со цел да бидат атракција на социјалните мрежи.  
 
Секогаш ќе се најде по некој мангуп за да се пофали на социјалните мрежи со цел да покаже дека е интересен. Наша задача беше да ги откриеме, да ги санкционираме овие случаи. Е сега, казните се такви какви што се, но мораме тие казни да ги направиме поголеми за да спречиме вакви појави. Тие мора да се свесни дека може да загрозат нечиј живот. Имаме намалување генерално на сите прекршоци, но се уште ги имаме оние појави како возење под дејство на алкохол, возење со голема брзина, возење нерегистрирано возило, тука ни требаат повисоки казни за да влијаеме врз несовесните возачи.“- потенцираше Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...