Имено Спасовски до вчера беше технички премиер, а од денеска повторно се враќа на функцијата министер за внатрешни работи, функција што ја извршуваше до неговото назначување на претседател на техничката влада. Спасовски најави продолжување на реформите со кои како што вели започнал кога бил на чело на МВР.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 август, 2020 18:17

Спасовски денеска ја презеде должноста во МВР!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот технички премиер на државата, Оливер Спасовски денеска ја превзема функцијата за прв човек на МВР. Беше извршено примопредавање на функцијата меѓу Спасовски кој е назначен за нов министер за внатрешни работи и досегашниот Агим Нухиу.

Спасовски денеска беше назначен за нов министер за внатрешни работи. Функцијата ја превзема од досегашниот министер Агим Нухиу.

Имено Спасовски до вчера беше технички премиер, а од денеска повторно се враќа на функцијата министер за внатрешни работи, функција што ја извршуваше до неговото назначување на претседател на техничката влада. Спасовски најави продолжување на реформите со кои како што вели започнал кога бил на чело на МВР.

Денеска во Министерството за внатрешни работи ја презедов министерската функција од досегашниот министер д-р Агим Нухиу.

Продолжуваме со реформите кои ги почнав во претходниот мандат како министер за внатрешни работи, со опремувањето на полицијата, сѐ со цел подобрување на работењето на полицијата во служба на граѓаните.

Претходно Спасовски изврши примопредавање на функцијата премиер, и му посака на Заев успешно работење во наредните 4 години.

На денешното примопредавање на премиерската должност, на премиерот Зоран Заев му посакав успешен 4-годишен мандат на новата Влада, во којашто заедно ќе се заложиме да ги оствариме приоритетите за коишто ја добивме довербата од граѓаните: сигурна иднина, заштита на јавното здравје, нова развојна економија, правда, европски перспективи. Имав чест и голема одговорност да ја предводам Владата во специфичен период, во којшто заедно се согласивме дека преодната Влада успешно одговори на предизвиците. Продолжуваме да работиме заедно во новата Влада, на граѓанските интереси и за доброто на државата, секој од нас според доверените должности.

 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести