Имаме влез на околу 21 илјада украински државјани

Објавил: admin@magazin | 4 октомври, 2022 16:59

Спасовски: Државата е подготвена за прифаќање украински бегалци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државата е целосно подготвена доколку има каква било потреба за прифаќање на украинските бегалци, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

По учеството на настанот, програма за миграции „Хуманитарен аспект на мешани миграциски текови” што се одржува во Струга во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, денеска одговарајќи на новинаркси прашања Спасовски посочи дека државата има активирано Директива за привремена заштита и покрај тврдењата на Здружението на млади правници дека Македонија, заедно со Косово и Босна и Херцеговина ја немаат активирано таа директива.

– Не, ние имаме активирано таков механизам како држава. Целосно сме подготвени. Имаме влез на околу 21 илјада украински државјани на територијата на државата, пред се, кои се во роднински или пријателски врски со наши државјани, а дел од нив работат во ИТ компании кои доаѓаат тука. Има мал број на лица коишто поднеле барање и им се издава престој од хуманитарни причини. Меѓутоа, како држава сме целосно подготвени доколку има каква било потреба за прифаќање на украинските бегалци, изјави Спасовски.

Зоран Дранговски од Македонско здружение на млади правници посочи дека располагаат со бројка од неколку илјади украинци, кои претстојуваат и оти се соочуваат со сериозни потешкотии во земјава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести