Владата се пофали колку пари земаат министрите и премиерот, заборави дека тоа е само основицата која им следи, без да наведе колку точно чини еден министер за еден месец

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 ноември, 2018 14:29

Спасовски зема плата поголема од онаа на Заев

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владата ги објави висините на платите на премиерот, замениците на премиерот и на министрите.

Според податоците, највисока плата во Владата зема министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој зема 92.299 денари.

Платата на Спасовски е повисока од премиерската затоа што на министрите за внатрешни работи им следува дополнителен надомест поради спецификата на работното место.

Тоа значи дека ако се земат предвид само платите на министрите, тогаш повисок (прогресивен) данок ќе плаќа само министерот за внатрешни работи.

Втор по примања е премиерот Зоран Заев со 88.161 денари. Вицепремиерот Кочо Анѓушев добива 80.206 денари, а Радмила Шекеринска добива 79.150 денари.

Најниска плата зема миистерот за култура, Асаф Адеми од 66,117 денари. Објавените податоци се дел од заложбите за поголема транспарентност на Владата.

Со измените на Законот за плати на избрани и именувани функционери, платите на вицепремиерите се очекува да се порамнат со платите на другите министри, поради одлуката на Уставниот суд.

Воедно ова се основиците на платите во кои не се вклучени дополнителните приходи кои доаѓаат на име седници, вондредни и редовни состаноци на разно разни одбори, патни трошоци, трошоци за одвоен живот и слично како и проценката за фиксниот дел кој се базира на  основен бод и бодови за работно место и за изминат работен стаж.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести