Спасовски истакна дека 22 дена по завршување на вонредната состојба, ќе се одржат избори. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 мај, 2020 21:14

Спасовски: Избори ќе има 22 дена по укинување на вонредната состојба!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прес- конференција, техничкиот премиер Оливер Спасовски ја извести јавноста дека се укинува целосно полицискиот час, и дека Македонија се враќа во нормала. 

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска ја извести јавноста дека се укинува полицискиот час…

Преку обезбедена епидемиолошка контрола, преку строги протоколи за новата нормалност и преку обезбедена заштита на јавното здравје ќе може да зборуваме и сите вообичаени активности да ги спроведеме така, како што очекуваме. А таква активност сигурно би биле и претстојните парламентарни избори. На македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно побрзо враќање на нормалниот колосек на фунцкионирање на државата.

Спасовски истакна дека 22 дена по завршување на вонредната состојба, ќе се одржат избори. 

Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба, за 22 дена треба да се одржат избори во Република „Северна“ Македонија. И тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок. Мораме да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во оној момент кога ќе има најмногу створени услови, рече Спасовски.

Задолжителниот карантин се заменува со домашна изолација , доколку лицата поднесат ПСР тест направен во последните 72 часа. Сите лица во државен карантин може да направат тест и да бидат упатени во домашна самоизолација .

-Вирусот е тука и нема да исчезне преку ноќ. Ќе биде тука додека не се стекне имунитет и додека да се најде вакцина, рече Спасовски, додавајќи дека затоа е исклучително важна заштитата – физичката дистанца и носење заштитна опрема

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.