Празниците над разликите

Објавил: admin@magazin | 29 април, 2019 16:56

Спасовски и Ѓорчев се кршеа со јајца во Бигорскиот манастир

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Велигден, најголемиот христијански празник, ден кога се слави христовото Воскресение и ден кога треба да се заборават политичките несогласувања и борбата за власт.

Политичките опоненти заедно во Бигорскиот манастир

За празникот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за Велигден се причести во Бигорскиот манастир. Таму присуствуваше и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. На покана на домаќините двајцата си ја пробаа среќата и се кршеа со велигденски јајца.

Илјадници верници имаа можност да присуствуваат на прославата на големиот христијански празник Велигден во Бигорскиот манастир.

Прекрасните фотографии што ги објави манастирот на својата веб-страница доловуваат дел од убавата празничка атмосфера и црковните обреди.

„Засветли денот на торжеството, денот на радоста! Ден на Воскресение, Пасха Господова, ден во кој „од смртта кон живот, и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе!“ Се огласи громогласно радосната вест за победата над смртта, одекна пораката за надеж и живот. Се објави неисцрпната љубов на Бога, Кој ги повикува смртните кон живот во полнота, ги приведува победоносно во светот на Воскресението“, напишаа од манастирот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести