Можеме да разговараме за сите други прашања што претставуваат некаков интерес, меѓутоа не и за прашањата кои се наш идентитет и наш јазик, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по посетата на Жеровјане, каде што изврши увид на новата реконструирана зграда за полициското одделение.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 декември, 2020 16:01

Спасовски: Македонскиот идентитет и јазик се прашања за кои никој нема право да разговара

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата прави напори за на принципиелна основа да се постигне компромис во однос на отворените прашања со Бугарија, но македонскиот јазик и македонскиот идентитет се нешто за кое никој нема право и не разговара во ниту еден момент, за тоа не може да се разговара, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по посетата на Жеровјане, каде што изврши увид на новата реконструирана зграда за полициското одделение!

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се нешто за кое никој нема право и не разговара во ниту еден момент, за тоа не може да се разговара. 

Можеме да разговараме за сите други прашања што претставуваат некаков интерес, меѓутоа не и за прашањата кои се наш идентитет и наш јазик, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по посетата на Жеровјане, каде што изврши увид на новата реконструирана зграда за полициското одделение.

Ние остануваме посветени на нашиот европски пат, ќе направиме сѐ за да ги реализираме овие европски аспирации. Како Влада покажавме во изминатите години дека знаеме да решиме прашања, да затвориме тешки прашања, знаеме да ги отвориме перспективите за граѓаните, меѓутоа тоа мора да биде на принципелна основа, на почитување на едни со други, на помирување едни со други и тоа се принципите на кои ќе мора да работиме и понатаму“, изјави Спасовски.

Денеска сме во посета на Жеровјане каде направивме увид во реконструкцијата на објектот во кој е сместено полициското одделение од општа надлежност Жеровјане, чиј објект беше во доста амортизирана состојба, која претставуваше пречка во нормалното извршување на работните задачи и активности на вработените во ова полициско одделение.

Вредноста на споменативе градежни активности во процесот на реконструкција на објектот е 2.526.363.00 денари или околу 40.747 евра, а добар дел од овие средства во висина од 18.700 евра беа обезбедени по пат на донации од граѓани на кои во ова пригода искрено им се заблагодарувам, рече Спасовски при посетата!

Изминативе три години заедно со моите соработници воспоставивме системски континуитет на менување на материјално техничките, социјалните и професионалните прилики во коишто беше затекната полицијата и решивме да одиме постапно, но постојано, во надминување на актуелните и создавање нови, подобри услови за нормално функционирање на полицискиот систем.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести