На денешното примопредавање на премиерската должност, на премиерот Зоран Заев му посакав успешен 4-годишен мандат на новата Влада, во којашто заедно ќе се заложиме да ги оствариме приоритетите за коишто ја добивме, рече Спасовски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 август, 2020 10:30

Спасовски му ја предаде функцијата на Заев!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска ја предаде премиерската должност на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој посочи дека на Заев му посакал успешен мандат во наредните 4 години а воедно потсети дека му било голема чест што ја водел државата во критичен момент за време на пандемијата.

Со 62 гласа ЗА, 51 против, и без воздржани, Собранието вчера го изгласа новиот владин состав предложен од мандатарот Зоран Заев.

На денешното примопредавање на премиерската должност, на премиерот Зоран Заев му посакав успешен 4-годишен мандат на новата Влада, во којашто заедно ќе се заложиме да ги оствариме приоритетите за коишто ја добивме довербата од граѓаните: сигурна иднина, заштита на јавното здравје, нова развојна економија, правда, европски перспективи. Имав чест и голема одговорност да ја предводам Владата во специфичен период, во којшто заедно се согласивме дека преодната Влада успешно одговори на предизвиците. Продолжуваме да работиме заедно во новата Влада, на граѓанските интереси и за доброто на државата, секој од нас според доверените должности.

Претходно Заев се заблагодари до пратениците за изборот на новата Влада. 

Им благодарам на пратениците од демократското мнозинство кои ја препознаа важноста и потребата од нова одговорна Влада и кои ни ја додоа довербата да ги водиме инситуциите. Во следните четири години со сите ресурси ќе дејствуваме за да ја оправдаме довербата на пратениците, односно на граѓаните кои го доделија мандатот на пратениците.

Следува период на трансформација и европеизација на нашата татковина. Ова е период кога сечив придонес е важен, очекуван, потребен и суштински.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести