За прв пат министер за внатрешни работи на отварањето на спортски настан во Македонија како дел од "партиско - политичка" кампања

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 6:52

Спасовски отвори спортски настан! Ќе скока ли за крстот на Водици?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за внатрешни работи Спасовски на отварањето на Фис ролер ски купот “Тоше Проески” во Крушево?!

“Дозволете ми на почетокот да го изразам своето лично задоволство што еве и годинава ја имам можноста да присуствувам овде во прекрасното Крушево и да бидам дел од една манифестација која што со право претендира да прерасне во традиционален спортски настан.” – рече министерот Оливер Спасовски на отварањето на Фис ролер ски купот “Тоше Проески” во Крушево на кое присуствуваа и градоначалникот на Крушево Томе Христоски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каески.

Спасовски им посака на натпреварувачите успех  и добри резултати а на организаторите беспрекорно одвивање на манифестацијата.

“Честа што ми е укажана дополнително ја зголемува фактот што овој ФИС ролер ски куп го носи името на нашата најсјајна музичка ѕвезда нашиот Тоше Проески.  Неговата оставштина е огромна вгнездена длабоко во срцата на сите луѓе од Балканот неизбришлива и непроценлива. Верувам дека овој спортски настан ќе расте од година во година етаблирајќи се како манифестација од големо спортско значење не само од аспект на спортските дисциплини кои како релативно нови веќе го зацврстуваат своето место во меѓународните спортски манифестации и календари туку и како манифестација што ќе не собира постојано овде во домот на нашиот Тоше.” – рече Спасовски.

Во историјата на самостојна и независна Македонија ова е прв пат Министер за внатрешни работи да отвори спортски настан дотолку повеќе во екот на т.н. информативна пред референдумска кампања и да го злоупотреби настанот со големината на името на големиот музички уметник Тодор Проески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.