Во статусот, Спасовски нагласува дека во координација со јавен обвинител се работи на расчистување на сите случаи.

Објавил: Владо Марин | 13 август, 2021 22:05

Спасовски: Приведени 17 лица за подметнување пожари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Досега се приведени 17 лица, а на разговор во станица повикани се уште 16 други за подметнување пожари. Веќе се поднесени три кривични и две прекршочни пријави, напиша попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Во статусот, Спасовски нагласува дека во координација со јавен обвинител се работи на расчистување на сите случаи.

Посочува дека МВР останува посветено, како кон превенирање и гасење на пожарите, така и кон спроведување на законот во делот на утврдување на одговорност за подметнување или предизвикување на пожарите.

„Сакам уште еднаш да им изразам благодарност на сите пожарникари во државата, на полициските службеници, посебно на припадниците на специјалната полиција кои беа деноноќно на терен, на припадниците на Армијата, а посебно признание заслужуваат сите солидарни граѓани коишто се вклучија во гасењето на оваа огнена стихија“, напиша Спасовски на Фејсбук!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.