Убиството на Мартин Јанушев се случи во ноември 2017-та година

Објавил: Данаил Михајловски | 11 март, 2019 13:52

Спасовски се правда за убиството на Мартин Јанушев

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот Спасовски нагласи дека за време на мандатот на Гордана Јанкуловска како министер за внатрешни се случило бруталното убиство на младиот Мартин Нешковски, за што СДСМ организираше протести.  Пратеникот Антонио Милошоски му врати на министерот со реплика: “Господине Спасовски, го споменувате во политичка смисла убиството на Нешковски, но знаете дека убиецот на Мартин Нешковски е осуден и е во затвор, а убиецот на Мартин Јанушев е на слобода. Што е помалку вредно убиството на младиот Јанушев од она на Мартин Нешковски, и дали е вистина дека и убиецот и нарачателот се на безбедно во Белград, и уживаат во неказнивоста само затоа што се блиски на агенцијата за обезбедување “Омерта“?“, праша Милошоски.

Раде Т., познат криминалец од подземјето на Скопје, беше споменат како нарачател на убиството, задолжен меѓу другото и за рекет на поимотни бизнисмени, во моментот на убиството на Мартин Јанушев, беше еден од оперативците на агенцијата за обезбедување “Омерта“, која според повеќе информации во јавноста важи за блиска до Вице Заев.

Инаку убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев се случи во Ноември 2017-та година, со пет куршуми пред неговиот дом, близу до главната железничка станица во Скопје. По социјалните мрежи веднаш се прошири веста дека убиец или нарачател е извесен Раде Трајковски Штекли, кој важел за неформален сопственик на агенцијата “Омерта“, за чии бизнис услуги се врзува името на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев. Но, скривајќи се зад фразата “истрагата е во тек“ некои структури во МВР дадоја неколку денови слободно време за Раде Трајковски и Филип Секуловски, кого МВР подоцна го осомничи како извршител, да избегаат во непознат правец и да ја напуштат државата. 

Провладиниот новинар Ордановски тогаш напиша дека некои „дечки со дебели вратови и тетоважи по цело тело“ деновиве вршеле тортура и притисоци врз сопственици на бизниси во Скопје, заканувајќи се дека треба да ја заменат „заштитата“ со онаа поддржана од фамилијата Заеви, како и дека палењето на возила на бизнисмени е знакот по кој се препознава зачестенето рекетарство во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.