Воедно тој истакна и дека е задоволен од економските текови во земјава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2020 22:38

СПАСОВСКИ : Сите мерки кои ги превземавме даваат резултат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Техничкиот премиер на државава Оливер Спасовски денеска при посетата на Пробиштип рече дека сите мерки кои до сега беа превземени за време на пандемијата со Ковид-19 даваат резултати.

Воедно тој истакна и дека е задоволен од економските текови во земјава.

-Сметам дека Владата имаше паметна одлука кога решивме да продолжат капиталните инвестиции, да имаме мерки за заштита на работниците, да направиме се што треба да се заштитиме при процесот на работење, но капиталните инвестиции да не смеат да застанат, заради тоа што тогаш најмногу ќе падне и економската активност. Така што сите мерки кои досега ги имаме дават резултати, изјави Спасовски при дешнешната посета на Пробиштип.

Спасовски денеска истакна дека со сите мерки кои беа превземени за време на пандемијата придонесоа со тоа многу подоцна да се шири вирусот,  а како што посочи со тоа и економската активност во државата е постабилна.

-На 3 март донесовме одлука превентивно да делуваме на граничните премини и на граничните премини на аеродромите. Тогаш ниту една од државите во опкружувањето не носеше никакви мерки. Ние ја сфативме ситуацијата за сериозна и сметавме дека ако преземеме превентивни мерки штетите ќе бидат помали, потенцира Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести