Во претходниот мандат значително ја зголемивме довербата на граѓаните во полицијата и во наредниот период ќе продолжиме во иста насока, со чесна и одговорна работа, транспарентно и секогаш во функција на граѓаните, вели министерот!

Објавил: Владо Марин | 9 септември, 2020 12:44

Спасовски: Чест ми е што повторно можам да го водам МВР

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Чест ми е што повторно можам да го водам МВР и заедно со сите вработени да придонесеме за подобра безбедност на граѓаните, вели старо-новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски!

Во претходниот мандат значително ја зголемивме довербата на граѓаните во полицијата и во наредниот период ќе продолжиме во иста насока, со чесна и одговорна работа, транспарентно и секогаш во функција на граѓаните, вели министерот!

Добрите резултати на полицијата доаѓаат со мотивација на полициските службеници, со постојано подобрување на условите за работа и стандардот, а тоа ќе го правиме уште поинтензивно во наредниот период, продолжуваме со реновирањето на полициските станици, но и со изградба на нови објекти, набавка на нови униформи.

Продолжуваме со реформите во безбедносниот сектор и со нашиот концепт полиција заштитник и партнер на сите граѓани, рече Спасовски!

По 28 години се ослободивме од називот „тајна полиција”, ја разбивме концентрацијата на моќ во МВР и УБК и ги надминавме состојбите својствени за заробени држави и злоупотреба на институции, со гаранција дека веќе нема незаконско прислушување како во минатото!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести