Горан Стефановски почина во ноември минатата година на возраст од 66 години по кратко, но тешко боледување.

Објавил: Перо Милчин | 1 февруари, 2019 20:56

Споменикот на Горан Стефаноски ќе се гради во Дебар маало

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Иницијативата за градење на споменикот на македонскиот драматург Горан Стефаноски во Дебар Маало, ја поднеле од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Македонскиот драматург Горан Стефановски почина во ноември минатата година на возраст од 66 години по кратко боледување. Во близина на Лондон ги помина последните денови од својот живот.

Стефановски бил член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а во 2004 година станал член и на Македонската академија на науките и уметностите. Починал во Кантербери, Велика Британија, на 27 ноември 2018 година, по кратка и тешка болест. Притоа, неговото тело било кремирано на 5 декември 2018 година во „Barham Crematorium“ во Кентербери, а во својот тестамент Стефановски изразил желба пепелта да биде растурена над Охридското Езеро.

„Советниците на Општина Центар ја усвоија иницијативата на Македонската академија на науките и уметностите за поставување спомен-обележје на драмскиот писател и член на МАНУ надвор од работниот состав, Горан Стефановски. Спомен-обележјето на Стефановски ќе се наоѓа на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот ‘Идадија’“, соопштија од Општина Центар.

Горан Стефановски дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, на отсекот по англиски јазик и книжевност. Исто така, студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските настапија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“.

По дипломирањето, Стефновски работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година станал професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.