Премиерот Зоран Заев се огласи на Твитер и напиша дека пред 56 години големиот часовник на Старата железничка станица во Скопје замрзнал.

Објавил: Перо Милчин | 26 јули, 2019 9:17

СПОРЕД ЗАЕВ пред 56 години големиот часовник на Старата железничка станица во Скопје ЗАМРЗНАЛ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На денешен ден 26 јули 1963 година, Скопје го зафати катастрофален земјотрес. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени.

Премиерот Зоран Заев по повод земјотресот кој го зафати Скопје пред 56 години, се огласи на Твитер и напиша дека пред неколку години големиот часовник на Старата железничка станица во Скопје замрзнал. Тој напиша дека Скопје се сеќава и остана да сведочи дека 20 секунди беа доволни да запре животот на градот.

Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од нај катастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

Пред 56 години големиот часовник на Старата железничка станица во Скопје замрзна. Остана да сведочи дека 20 секунди беа доволни да запре животот на градот. Кога се спушти прашината и кога замре злокобниот звук светот ја виде катастрофата. Скопје се сеќава!, напиша премиерот Зоран Заев на „Твитер“ по повод 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.