Јанева откако ја "испоплука" работата на својата фела на Јавни обвинители, сега со критики и за целокупната судска власт

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 13:29

Според ОБСЕ за Јанева судовите се мрзеливи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

142 лица обвинети во предметите на СЈО а најчесто дело за кое се гонат обвинетите е злоупотреба на службената положба и овластување – ова го покажува првиот преоден извештај на ОБСЕ а се однесува за периодот од септември 2015 до јануари 2018 година, околу активностите и предметите на СЈО.

Специјалното јавно обвинителство води 20 предмети,  три од нив се поврзани со скандалот со прислушување против „авторите“ на нелегалното прислушување и 17 предмети кои произлегуваат од прислушуваните разговори и наводните кривични дела кои беа откриени со пресретнатите комуникации.

Од Јавното обвинителство, СЈО презеде четири предмети – „Монструм“, „Пуч“, „Сопот“ и „Шпион“.

Во извештајот стои дека за 20 истраги на СЈО се подигнати обвиненија заклучно до 30 јуни 2017 година во кои се опфатени 142 обвинети, вклучително и 7 компании. 20 обвиненија се потврдени до крајот на јануари годинава, едно е делумно потврдено, а СЈО во моментов води 12 истраги.

Најчестото дело кое се гони од страна на СЈО е злоупотреба на службената положба и овластување (9 случаи). Други клучни дела кои ги гони СЈО се злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања, повреда на избирачкото право, злоупотреба на постапката за јавен повик, даночно затајување, примање награда за провизаконско влијание. Во два случаи се наведува постоење широки криминални мрежи кои се изведуваат преку криминално здружување.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на настан организиран од ОБСЕ, го посочи кривичниот суд во Скопје како виновник за бавното закажување рочишта за предметите на специјалното обвинителство.

„Во септември во судот е закажано само 1 рочиште за ‘Титаник’”, рече Јанева. Судовите да ја забрзаат својата работа. Иако нема опасност за сега, судот треба да води сметка делата да не застарат во текот на постапката. Таа апелираше до судот да ја забрза работата.

Јанева го спореди распоредот на предметите на СЈО, со закажувањето рочишта за 27-ми април. Специјалната обвинителка рече дека не стравува дека ќе застарат предметите, но очекува и судот да води сметка за тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.