Спортската сала "Младост“ е изградена во 80-те години на XX век со самопридонес на граѓаните на Битола

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 јули, 2018 12:59

Спортската сала во Битола преименувана во Боро Чурлевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По името на ракометната легенда Боро Чурлевски кој прерано почина преименувана е Спортската сала “Младост” во Битола.

Mнозинство во Советот на Општина Битола преку Комисијата за спорт при Советот на Општина Битола како точка на дневен ред ја предложи иницијативата Спортската сала да добие ново име според битолскиот ракометар познат во бившите југословенски простори и Европа.  

Боро Чурлевски [ Битола 21 ноември 1965 – Битола 26 декември 2014 ] македонски ракометен играч и тренер – легенда на македонскиот и битолскиот ракомет.

Иницијативата беше предложена од Методија Илиевски – координатор на советничката група од СДСМ а едногласно беше изгласана од власта и опозицијата. 

Боро Чурчевски беше еден од најквалитетните ракометари кои ги дала Битола. Играше во дресот на РК “Пелистер” кога тој се бореше во првата ракометна ју лига. Беше омилен кај битолската публика – играше среден бег и остави белег со својата брзина и снаодливост на терен. Почина 2014 година на 49 години. Неговите чекори ги продолжува еден од неговите синови кој игра ракомет во РК “Работник Еурофарм”. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...