Веднаш се огласи и неговата матична екипа со пораки на тага и жалење за изгубениот млад живот, воедно испрати и сочувството до семејството на ракометарот.

Објавил: admin@magazin | 29 мај, 2021 16:20

Спортската јавност во Охрид тагува за голманот Даниловски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонија тагува после трагичната смрт на голманот на ракометниот клуб Охрид, Никола Даниловски.

Од матичниот клуб на Даниловски се огласија со пораки на тага и жалење за изгубениот млад живот, како и сочувство до семејството на младиот голман.

Затечени и потресени сме од трагичната вест за прераната смрт на нашиот голман Никола Даниловски. Нашите мисли во овие моменти се со семејството на Никола, на кое му изразуваме длабоко сочувство. Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка“, стои во пораката од РК Охрид.

Голманот исчезнал синоќа околу 21 часот по тренингот со неговиот клуб, а утрово неговото безживотно тело било пронајдено во водите на Охридското езеро, во близина на туристичката населба Лагадин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести