Во недела во текот на денот врнежите ќе бидат со послаб интензитет и од локален карактер.

Објавил: admin@magazin | 9 ноември, 2019 9:27

СПРЕМЕТЕ ЧАДОРИ ДОАЃА НЕВРЕМЕ: За викендов нови врнежи од дожд во земјава!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нашата територија се наоѓа под влијание на циклонот ЗЛАТКА кој условува доста нестабилно време со почести врнежи од дожд.

Интензивни врнежи проследени со ретки грмежи се регистрирани на југозапад и на запад од државата, па така локално количеството на врнежи веќе надмина над 30 л/м2.

Понатаму ќе има краткотраен престанок на врнежите, но сепак во западните предели денеска попладне и навечер ќе има повремен дожд од локален карактер.

Нов бран на врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и со услови за појава на ретки грмежи ќе имаме во текот на ноќта кон недела кога повторно локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).

Во недела во текот на денот врнежите ќе бидат со послаб интензитет и од локален карактер. Повторно ќе започне да дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, кој особено на исток повремено ќе биде ЗАСИЛЕН.

Температурите на воздухот и натаму ќе бидат ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен. Понатаму и најновите излези на прогностичките модели укажуваат на тоа дека периодот пред нас ќе биде период со почеста појава на врнежи и влажни бранови.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...