Патниците со друг автобус го продолжиле патувањето кон Сплит.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 јуни, 2019 13:01

СПРЕЧЕНА ТРАГЕДИЈА: Македонски автобус се запали во близина на Петровац во Црна Гора!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во 3 утрово македонски автобус на компанијата „Хафет Турс“ се запали во близината на црногороското летувалиште Петровац, јави Ohridnews.

Македонскиот автобусот бил на релација Скопје – Сплит, кога во 3 утрово се запалил во возење. Патниците навреме го напуштиле автобусот, а биле спасени и речиси сите торби, соопштил еден од патниците.

-Иако беше непријатно, немаше паника. Многу луѓе спиеја, но по алармот за пожарот веднаш еден по еден низ вратата на возачот, бидејќи другите врати беа блокирани, го напуштивме возилото и се оддалечивме на безбедно растојание. Во меѓувреме двајца од патниците веднаш се спуштивме во багажникот и спасени беа сите торби освен можеби една.- вели патник од автобусот.

Веднаш по немилиот настан, стигнала и противпожарна екипа, и пожарот бил локализиран. Патниците со друг автобус го продолжиле патувањето кон Сплит, Хрватска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести